На мегапопуларната група „Нови фосили“ сите многу добро се сеќаваме. Но и уште повеќе на првата пејачка Ѓурѓица Барловиќ. Од нејзината ненадејна смрт се навршуваат 32 години. Почина од инфаркт во сон, како последица од затнување на десната срцева коронарна артерија…

Веста за смртта на омилената Ѓурѓица пред 29 години беше една од најтажните вести во тоа време во тогашната држава Југославија, особено затоа што таа и “Нови фосили“ имаа песни кои беа дел од секојдневието на обичните луѓе, како на пример: „Е, мој Саша“, „Диридонда“, „Чујеш ли ме, јел ти драго“, „Склопи очи“, „Да те не волим“, „Не буди ме, мати“, „Шути мој дјечаче плави“, „Само ми се јави“… Барловиќ е родена во Сплит и беше многу врзана за своето семејство и покрај обврските кои ги имаше со „Нови фосили“ и естрадата.

Сепак, децата (синовите Хрвоје и Борна) и сопругот (Брацо) ѝ беа на прво место, но никогаш не си дозволила поради тоа да откаже некој настап. Голем професионалец и работник, па затоа имаше и големи музички успеси. Публиката ќе ја памти и по нејзината мила насмевка, нејзиниот питом карактер некарактеристичен за темпераментно бучните далматинки. Ние во Македонија ќе ја памтиме и по еден врвен настап на некогашниот „Скопски фестивал“ кога одлично пееше на македонски јазик.

– Сеќавањата на мама не бледнеат. Кога имате 10 и кога имате 40, тие се тука. За нас секогаш ќе бидат убави спомени од дружење, родендени, ручеци, летни одмори на Паг… Со брат ми бевме на Мирогој и запаливме свеќа, како што обично правиме. Секогаш се сеќаваме, се разбира, и на мама и на тато. Не само на нивните родендени, туку особено на овие денови, изјави нејзиниот постар син Хрвоје пред три години.

Во август 1992 година, естрадат била во шок откако стигна веста за нејзината смрт. Лидерот на Нови фосили, покојниот Рајко Дујмиќ изјави дека во тој момент во неговиот стан запреле сите часовници. Дури подоцна ја слушнал веста и тоа го протолкувал како божји знак. Ѓурѓица почина на 42-годишна возраст.

– Беше во цврста и стабилна здравствена состојба. Затоа бев изненаден од тоа предвремено заминување. На денот кога таа почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна ја слушнав таа тажна вест – рече покојниот Дујмиќ.

Ѓурѓица и Рајко биле блиски соработници и пријатели. Во поставата заедно со Мока и Маринко Цолнаг беа и тие двајца. Имала исклучителен распон на гласот и според неа Рајко пишувал песни. Таа пеела се без проблем. Дујмиќ велел дека Ѓурѓица има ретка, таканаречена сребрена боја на гласот, врска меѓу сопранот и тенорот. Таа на свој, посебен, нежен начин изговарашлае „с“ и „ш“ па ги освоила и децата.

Ѓурѓица пеела и како девојче, на само 13 години застанала на големата сцена на фестивалот „Децата пеат“. Во Загреб се преселила кога завршила средно градежно училиште. Ги спакувала куферите и го напуштила Сплит. Во едно од подоцнежните интервјуа таа ќе изјави дека да знаела што ќе ја пречека во Загреб, никогаш немала да го напушти Сплит. Ја дочекала маса обожаватели, луѓе кои ја сакале и не го криеле тоа, огромна популарност …

Ѓурѓица била многу креативна. Во една прилика признала дека доколку не станела пејачка ќе била архитект. Фустаните за настапи главно си ги осмислувала и шиела сама, користејќи кроеви од тогаш популарниот магазин Бурда. Нејзините синови се уште ја чуваат венчаницата на нивната мајка.

Додека била во Нови фосили, секој ден имале по еден или два концерти, а Ѓурѓица се потешко го поднесувала тоа. Кога можела ги носела и синовите со себе на настапи, но патувањата и биле тешки. И недостигале семејството и синовите. Го напуштила бендот затоа што сакала да се грижи за семејниот живот, да готви ручеци и да пишува домашни задачи со децата.

– Беше вистинска мајка и домаќинка. Тоа беше нејзиниот императив и на прво место. Не и требаше маж, некогаш самата ги менуваше и гумите на автомобилот. Куќата секогаш беше чиста, рекол во една прилика синот на Ѓурѓица, Хрвоје, кој сè уште се сеќава на нејзините ракчиња.

Семејството и било поважно од Фосилите, кариерата, заработувачката. Дујмиќ велел дека е родена за мајка, сопруга и повторно ги истакнувал нејзините пејачки квалитети.

Својот петти соло албум го подготвила во 1992 година, кога со децата отишла на одмор на Паг. И тогаш се случило најлошото. Срцев удар, толку силен што секоја борба за нејзиниот живот била залудна. Починала во задарската болница на 26 август. Ги оставила синовите Хрвоје, кој тогаш имал 11 години, и Борна, кој имал само четири години. Освен висок крвен притисок, никогаш немала посериозни здравствени проблеми. Ја испратиле семејството, пријателите и многу обожаватели.