Министерството за внатрешни работи соопшти првични официјални информации за несреќата во која автобус полн со патници се преврте во битолско.

-Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР за Курир.

Полициски екипи на лице место извршиле увид.