Трагедијата го потресе штипско – карбинскиот регион. Недозволена љубов е причина за двајца млади на ист начин за неполни 24 часа си го одземат животот, објави телевизија Алфа.

Утрината во семејната плевна во село Аргулица животот си го одзеде 22 годишна девојка. Тоа го направила откако нејзиниот 25 годишен вереник, вчера си пресуди во археолошкиот локалитет Баргала.

Потресени без да ги кријат солзите во очите мештаните на Аргулица раскажуваат дека пред само неколку месеци двајцата млади се заколнале на вечна љубов, но што се случило и зошто се разделиле за нив е непознато…

22 годишната девојка ја опишаа како мирна и вредна девојка. Им помагала на соселаните секогаш кога имале потреба од медицинска нега, бидејќи речиси две години работела како медицинска сестра на Инфективното одделение.

Според неофицијални информации младата девојка оставила и проштално писмо. Од Свр-Штип го потврдија случајот. На местото на несреќата јавен обвинител изврши увид, а телото на девојката е предадено на обдукција.