Вчера, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(36) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26 – годишната М.К. од Скопје, по што удриле во две паркирани патнички возила „хонда“ и „форд“ со скопски регистарски ознаки.
“Во незгодата, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, Ф.Т.(25) и И.Б.(25), двајацта од Скопје, сопатници во возилото „бмв“ и Б.И.(32) од Скопје, сопатник во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“”, велат од МВР за “Скопје1”.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.