Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи во близина на бензинската пумпа на Макпетрол во Козле.

– На 25.10.2024 во 14.28 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на ул.Козле со ул.Леринска помеѓу патничко возило “ Фиат “ управувано од И.К. (74) и патничко возило “Даеву” управувано од М.Ј.(71). Со повреди се здобиле возачите, но и С.Б., сопатничка во возилот “фиат”, како и Т.Т. (пешак-жена). Повредените се пренесени во КЦ Мајка Тереза и ГОБ 8-ми Септември . Во тек е увид. – соопштија од МВР.