Утринава близу селото Рибарци, општина Росоман се случила сообраќајна неасреќа во коај учествувале две возила, а во неа биле двајца велешани, од кој едниот починал на лице место од здобиените повреди, а две девојки од Градско се повредени. Деталите од СВР Велес.

„На 05.11.2024 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46 год) од Велес. Од здобиените повреди на местото починал М.П.(40 год) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар“- соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобила возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци.

За здравстената состојба на тројцата пациенти пренесени и згрижени во Општата болница Кавадарци од дежурниот хирург д-р Благој Митев.

„Утрово околу 9 ч. донесени се тројца пациенти повредени во сообраќајна несреќа. Извршени се рентген снимања и комјутерска томографија, лабараториски иследувања. Девојка на 18 годишна возраст има скршеница на карлица и на десна подлактица. Девојчето е стабилизирано и препратено на Клиника за трауматологија за Скопје, поради специфичната повреда. Вториот пациент на 46 годишна возраст констирана е отворена скршеница на десна бутна коска и има контузивни повреди на глава, граден кош. Тој е упатен на КАРИЛ во Скопје за ради тежината на повредата. Третиот повреден патник е исто 18 годишно девојче, кај кое по извршените испитувања, компјутер, рентген, лабараторија, нема засега телесни пвореди, освен што е во шокова состојба, вознемирана, сепак е дете на 18 годишна возраст. Попладне ќе се вршат нови испитувања, задржано е на опсервација“ – кажа д-р Митев.

Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.