Тешка сообраќајната незгода во која смртно настрада десетгодишно момче ја потресе јавноста. Попладнево околу 17 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата.

Возачот со своето возило марка Мерцедес го напуштил местото на несреќата додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата. Неуспешен бил обидот и на брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла возачот кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали има крај на дивеењето по скопските улици и што треба да се случи да заострат санкциите за прекршителите на законот.