Аналитичарите на Bellingcat пишуваат и дека тројца преговарачи, меѓу кои и Абрамович, покажале симптоми на труење. Тие велат дека спорната средба била ноќта на 4 март

Роман Абрамович наводно бил отруен по состанокот на кој посредувал меѓу завојуваните страни. WSJ пишува дека тој бил префрлен меѓу Москва, Лавов и други места каде што се воделе преговори.

Би-би-си подоцна објави дека портпаролот на Абрамович рекол дека се сомневаат на труење. Тој рече и дека тоа се случило пред неколку недели, на почетокот на овој месец. Портпаролот рече дека Абрамович сега е добро и дека ќе продолжи да учествува во преговорите со Украина.

Портпаролот одби да каже дали некој друг имал симптоми на труење, но Wall Street Journal објави дека двајца украински преговарачи ги имале истите симптоми.

Извор на Гардијан рече дека во тимот на преговарачи бил и украинскиот парламентарец Рустем Уремов и дека подоцна заминале во Полска и Истанбул каде што примиле терапија.

– Ова беше за време на неговото прво патување во Киев, Роман остана без вид неколку часа, а во Турција се лекуваше заедно со Рустем – изјави извор на Гардијан.

Тројката која била отруена, наводно, консумирала чоколадо и вода неколку часа пред почетокот на симптомите.

Аналитичарите на Bellingcat пишуваат дека четвртиот член од тимот не развил симптоми.

Изворите велат и дека по закрепнувањето Абрамович се вратил на нови преговори.