Вечерва околу 22 часот се случи убиство кога маж (59) ја убил сопругата (40) во населбата Грбавица во Нови Сад.
Убиството се случило во стан на улицата Војвоѓанска број 3. Осомничениот со наведната глава и со лисици на рацете бил изнесен од зградата.
Убиецот бил пронајден на местото на злосторството и веднаш уапсен. Полицајците веднаш му ставиле лисици и го извадиле од зградата.
Засега не се знае што му претходело на убиството. На телото на убиената биле пронајдени неколку убодни рани.
На местото на злосторството се наоѓаат припадници на полицијата и вештачењето. Како што објавуваат медиумите, делото го пријавило нивното шестгодишно дете.