Дете (1,5) по потекло од Србија почина во понеделникот во болница во градот Портогруаро во Италија по удар во главата. Италијанските медиуми пишуваат дека родителите на детето по потекло од Србија го однеле детето во Итна помош, но дека лекарите не можеле да го спасат.

Жртвата е Б.К.(1,5) кој е роден во Србија и живеел со семејството во областа Венеција. Според полицијата, момчето додека си играло паднало од хауба на паркиран автомобил.

Но, полицијата не ја исклучува хипотезата дека детето можеби им избегало од вниманието на оние кои биле со него во куќата и дека во него удрил автомобил.

Карабинерите кои ја водат истрагата повеќе од два часа разговарале со семејството на сега веќе починатото дете. Наредена е томографија на главата на момчето.

Според првичните информации, мајката со автомобил го однела детето до итната медицинска помош, со очигледна траума на задниот дел од главата.

Лекарите исклучија семејна несреќа, како пад од височина, бидејќи повредите се компатибилни со удар од автомобил во движење. Долгите обиди за реанимација биле бескорисни, детето починало во болница.