Екипа на пожарникари попладнево спаси дете кое падна во отвор за лифт на зграда во улицата „Војводa Шупљикц“ во Звездара, Белград.

Според неофицијални информации на Информер.рс, противпожарната и спасувачката служба добила дојава околу 17 часот дека дете паднало во отвор од лифт и дека е потребна помош за негово извлекување.

– Пристигнувајќи на местото на инцидентот затекнавме необична глетка. Исплашено дете не викаше на помош, додека таткото на детето додека се обидуваше да го извлече, самиот се заглави. Тоа беше лифт за автомобил под кој двајцата се заглавиле, вели изворот на Информер.рс.

Според него, пожарникарите брзо интервнирале прво да го извлечат заглавениот татко, а потоа да го извлечат и детето.

Екипата на итната помош која во меѓувреме пристигнала на местото на инцидентот им помогнала на таткото и неговото дете.