На 22.09.2023 во 19.50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08.00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја земала во 10.00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, детето не престанувало да плаче, по што го однеле во ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот