Центарот за социјална работа во Градачац го објави статусот на детето на брутално убиената Низама Хеќимовиќ, откако се појавија информации дека наводно се собира помош за бебето на Низама.

Тие рекоа дека апелите за помош кои се проширија на социјалните мрежи се лажни и дека наводите изнесени во нив не се точни.

„ЈУ Центарот за социјална работа Градачац назначи еден од своите вработени за привремен старател на детето, кој ќе го застапува ви секоја форма на заштита и најдобар интерес додека не се најде соодветна форма на грижа за детето. Никој не доби согласност или дозвола да се собираар пари за детето“, нагласија од таму.

Додаваат дека се оградуваат од ваквите изјави, како и од изнесувањето неточни информации за здравствената состојба на детето.

Нагласија дека наведувањето на идентитетот на детето и неговата фотографија е кривично дело, за што веќе се информирани надлежните органи.