Четиригодишно момче на 24 јуни утрото си играло пред капијата на семејната куќа во селото Драшковац кај Лесковац со своите сестри и наеднаш вреснало, а мајка му го слушнала крикот и истрчала од куќата веднаш. Имала што да види – црна змија се вовлекува во ѕидот.
Подоцнежната анализа покажа дека змијата била отровна.
„Го видов каснувањето и веднаш повикав брза помош. Тој беше пренесен на Инфективното одделение во Лесковац, каде беше констатирано дека се работи за отровна змија бидејќи моето дете доби модри рани“, изјави денеска за Југмедиа загрижената мајка Тијана.
Детето добило серум и е пренесено во Детската клиника во Ниш. Сега е добро, но мајката е очајна.
Куќата на ова семејство се наоѓа во центарот на Драшковец во мала асфалтирана улица, но мајката Тијана тврди дека целата улица е полна со змии и дека влегуваат во куќи – кујни, дневни и спални, подруми… Црна змија во нејзината соба влегла и пред некој ден, а таа успеала да ја фотографира.
“Не знаеме кому да се обратиме за помош. Случајот го пријавивме во полиција, ги баравме ЗОО Планет, не успеавме да ги најдеме… Очајни сме”, рекла таа.
Од ЗОО Планет велат дека не се надлежни, особено за змиите отровници.
Младата мајка не знаела дека има служба за помош во вакви ситуации во рамките на ПУК Комуналец од Лесковац, за што слушнала од новинарите на Југмедија. Меѓутоа, оние со кои била во контакт цело време требало да ја поучат каде да побара помош.
„Нашето момче е истрауматизирано, сега не смее ни да излезе надвор, а според мене не е безбеден ниту во нашата куќа, а не се ни луѓето и децата од соседството, бидејќи колку од овие змии се отровни? “, тврди соговорничката.