Група од околу 20 деца, кои си играле во морето на брегот на Корниш во Англија останале запрепастени кога здогледале ајкула. По застрашувачкото откритие, децата панично почнале да пливаат кон брегот за да се спасат од ајкулата долга повеќе од 3 метри.

Ајкулата е забележана во пристаништето Сент Ајвс во Корнвол. Група деца истрчале од водата веднаш штом на оддалеченост од околу шест метри ја здогледале грбната перка на ајкулата.

Морското суштество пливало покрај ѕидот на пристаништето и плажата, каде група деца си играле околу 21 часот, пишува Метро. Енди Нарбет го снимил застрашувачкиот момент на камера.

„Одев покрај пристаништето кога видов ајкула како плива во близина на ѕидот на пристаништето. Кутрите деца беа преплашени зашто беа на само шест метри од неа. Тие не сфатија дека е безопасна, па почнаа да врескаат и излегоа од водата.

Се претпоставува дека околу 20 деца си играле на малата плажа, а осум биле во вода на даски за веслање. Се верува дека станува збор за ајкулата Cetorhinus makimus, која не претставува закана за луѓето и се храни само со планктони.

Во минатото, овие ајкули биле ловени за месо, перки и масло од црн дроб се додека видот не станал заштитен во 1998 година. Тие се најголемите риби во Британија и можат да пораснат до 12 метри. Станува збор за втората по големина риба во светот по кит-ајкулата.