Малолетник во Загреб вчера околу 10.30 часот пронашол муниција во куќа во населбата Дубрава, која ја дал на друг член на семејството, исто така малолетник.

Потоа почнале да ја загреваат муницијата со запалка, предизвикувајќи експлозија.

Од експлозијата еден од малолетниците е тешко повреден и е пренесен во загрепската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош, соопштија од полициската управа во Загреб.