На 10.09.2024 во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.