Денеска (27.06.2023) во 00.45 часот било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„Андреја Јованоски“, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда.

Во несреќата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, а малолетничката која го управувала велосипедот се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.