На 09.08.2021 во 14.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ од слобода била лишена А.Ф.(25) од Словенија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси”, по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар за понатамошна постапка.