Девојка од Велика Британија, која дошла на одмор во Италија, пријавила дека 25-годишен маж ја силувал во вторникот на 30 јануари во машката соблекувална на бањата Порта Романа во Милано.

Оваа 29-годишна девојка и објаснила на полицијата дека го запознала момчето во велнес центар по што тој ја поканил на едно затскриено место каде, како што таа тврди, ја принудил на секс.

Таа веднаш по немилиот настан случајот го пријавила во полиција. Полицијата веднаш по пријавата пристигнала и брзо го идентификувала осомничениот. Истрагата за овој случај се уште е во тек.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, девојката дошла во Милано на неколкудневен одмор, а во хотелот престојувала со уште неколку лица. Кобната вечер била со својата пријателка во велнес центарот каде запознала Италијанец, кој потоа повторно го сретнала околу 22 часот.

По краток разговор ја убедил да оди со него и да го остави телефонот кај нејзината пријателка.

Наводно, набргу потоа ја нападнал, но таа успеала да се одбрани и да стапи во контакт со својата пријателка, додека мажот успеал да побегне.

Британката по немилиот настан била прегледана од лекар и психолог, а извештајот треба да потврди дали имало насилство и што точно се случило таа кобна вечер.