На 24.12.2021 во 16.05 часот во близина на автобуска станица Скопје на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода Т.Ј.(26) од Скопје затоа што околу 16.00 часот агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Уште три апсења во Скопје

На 24.12.2021 во 08.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

На 24.12.2021 околу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се бара по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.

На 24.12.2021 околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување.