Лекарите на Ургентниот центар во Белград се борат за животот на младиото момче М.С.(22), кое синоќа во стан во урбаната белградска населба Борча си пукал во глава. Сведок на хоророт била неговата девојка.
За случајот известени се полицијата и надлежното обвинителство. Како што дознава „Телеграф.рс“, М.С. се скарал со девојка, а потоа отишол да земе пиштол и си пукал во глава. За среќа, тој не ја повредил девојката.
Неофицијално, полицијата го пронашла пиштолот со кој младиот човек си пукал во глава. Истрагата за овој случај е во тек.
Инспекторите извршиле разговор со девојката која била сведок на овој немил настан.