Џим Кери после долго време е виден во јавноста. Папараците го „уловиле“ пред ресторан во Лос Анџелес.
Тој беше на вечера со пријателите, меѓу кои Џими Кимел, Сет Грин, Адам Сендлер, Дастин Хофман, Џеф Рос и други. Џим во 2022 година изјави дека му е преку глава од глумата и дека планира да се пензионира.
Неговиот живот целосно се променил во 2015 година, откако неговата девојка Катриона Вајт се предозирала. Двајцата почнаа да се забавуваат во 2012. Таа на Твитер објави дека ќе се самоубие:
„Го напуштам Твитер. Се надевам дека бев светлина за најблиските. Мир и љубов за сите вас“.
Џим и Катриона неколку пати ја раскинуваа врската, а таа се закани со самоубиство.
“Мојата крв е на твоите раце. Џим, ми го уништи животот. После тоа само продолжи да ме навредува”.
Во 2017 година, актерот беше обвинет дека го искористил своето богатство и статусот на славна личност за да купи лекови на рецепт кои придонеле за нејзино предозирање. Но, случајот беше отфрлен.