(вистина.мк) Групата „Молика“ со години важеше и се’ уште е една од најквалитетните естрадни вокално -инструментални фолк состави кај нас. Илјадници настапи, турнеји концерти насекаде низ Македонија, но и ширум планетава. Од соседството, до прекуокенаските земји во дијаспората, каде што најмногу ги им нашите иселеници.

Глава, поточно мотор на групата отсекогаш бил лидерот Џими Мицевски, кој важи не само за угледеден музичар, туку и за добар бизнисмен иако сликата за него се обидоа да ја урнат со судската пресуда од 2020 година, кога музичарот беше осуден на зтворска казна затвор од 2 години и 6 месеци, која ја донесе Основниот суд – Скопје 1 како првостепена, неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинет беше екс градоначалник на Битола, Владимир Талески, кој тогаш доби затворска казна од 8 години.

Три години подоцна, како бомба одекна веста во естрадните кулоари, а веднаш потоа и во медиумите де Џими и неговата сопруга, пејачката на групата „Молика “, Анета тогаш Мицевска, сега Љумаковска се разведуваат. Откак и обајцата ги потврдија озборувањата и веста за разводот по 22 години брак се обистини, секој од нив тргна на своја страна во естрадната кариера, а Џими тргна и по еден друг пат…

Имено, после месеци напорна работа и пред се’ турболентна приватност, на Џими како да му требало начин да ги оттргне мислите, ослободи умот, релаксира душата… Па тоа најдобро го сторил упразнувајќи ја неговата страст – мотоциклите и патувањата. Така, кон крајот на минато лето узичарот откако ја јавна својата нова убавица, замина на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ, меѓу кои разбирливо и Јадранот.

Но, ниту патувањата ниту изненадувањата од Џими тука не застануваат… Она што е последно е веста дека познатиот музичар откако претходно стави крај на бракот, сега става крај и на кариерата. Односно, Џими Мицевски, лидерот на „Молика“ се откажува од музика и заминува во естрадна пензија?

Џими ова го изјави во емисијата при возењето о Југото на јутуберот Мими Марковски од Битола, откривајќи дека има намера предвреме да се пензионира.

„Кога другарите мои шетаа по корзо, бркаа женски, јас со бела кошула морав, и со црни панталони… Значи бев дете, а морав да работам. Ама затоа пак сега ќе одам предвреме во пензија“ – вели Џими во видеото.

Но дали тоа Џими го кажа на шега или не, проценете сами откако ќе го погледнете видеото. Оние што го познаваат велат дека тој навистина заслужува да се одмори по толку години напорна естрадна работа.

Она што пак е сигурно, е дека не е уморен од шетањето, па така Џими продолжува со патаувањата низ светот, а на социјалните мрежи постојано објавува фотографии од местата што во последно време ги посетува со својот мотор.