Актерот Мет Лебланк, кој се прослави глумејќи го Џои Трибиани во популарната серија од 90-тите „Пријатели“, изгледа речиси непрепознатливо.
Имено, ова е првпат ѕвездата да се појави во јавноста по погребот на колегата и пријател Метју Пери, кој го глумеше Чендлер Бинг во „Пријатели“.
Седата коса актерот ја покри со капа, а за излегување реши да облече лежерна модна комбинација – темни фармерки и црна маица и патики.
Актерот во јули го прослави својот 57-ми роденден, а иако моментално нема никакви актерски ангажмани, сепак ја живее славата што ја стекна во 90-тите.
Имено, серијата првпат почна да се емитува во 1994 година, кога Лебланк имаше 27 години, Анистон и Пери 25, Кортни Кокс 30 (Моника Гелер), Дејвид Швимер 28 (Рос Гелер) и Лиза Кудроу 31 (Фиби Бафај). Серијата има десет сезони и е една од најпопуларните серии од 90-тите.