Договорот помеѓу Аталанта и Манчестер Јунајтед околу трансферот на Расмус Хојлунд е финализиран, па слободно може да се каже дека Данецот е нов играч на тимот од Олд Трафорд.
Трансферот пред неколку минути на социјалните мрежи го потврди и познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, чии објавени информации од трансфер пазарот секогаш се проверени и вистинити.
Хојлунд одамна се договори за своите лични услови и го прифати петтгодишниот договор со плата од пет милиони евра, но се чекаше спогодбата меѓу двата тима околу одштетата.
Истата според извештаите е околу 85 милиони евра (основни 75 плус 10 бонус). Дали Хојлунд ќе вреди за парите, или ќе биде уште едно од низата трансфер промашувања на Јунајтед, останува да видиме.