Јавен обвинител на Третото основно јавно обвинителство Белград денеска по преземање доказни дејствија во соработка со градежни инспектори и полициски службеници, издаде налог за апсење на шест лица, и тоа директорот на правното лице „Аман д.о.о.“ Н.П.(41) и директорот на правното лице „Aman Real Estate“ М.В.(57).
Н.П и М.В се лишени од слобода поради постоење на основано сомнение дека сториле по едно кривично дело Градење без одобрение за градење од член 219а став 3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик како инвеститори на бесправно извршени работи на изградба на зграда од околу 40.000 м2 во Сурчин на улица Војвоѓанска.
Јавниот обвинител издаде и потерница по изведувачот М.Д.(71) за кривично дело Градење без одобрение за градење од член 219а став 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и М.Н.(40) и С.М. (65) поради постоење на основано сомнение дека сториле по едно кривично дело.
Имено, откако било утврдено дека на предметната локација се изведуваат дивоградби на изградба на голем објект, на повиците на градежниот инспектор одговарале лажните инвеститори М.Н. и С.М. кој приложил договори за закуп на деловен простор со директорите на „Аман д.о.о“ и „Aman Real Estate“ со цел да ги прикрие вистинските сторители на кривични дела.
По темелно спроведени прелиминарни истраги, утврден е идентитетот на вистинските инвеститори, како и сите релевантни факти, како и дека станува збор за фиктивни и склучени само за прикривање на вистинските инвеститори. На уапсените им се претресени становите и деловните простории и одземени се деловни документи.