Пристигна првиот шок од Светското првенство во ракомет.

Португалскиот ракометар Мигел Мартинс падна на допинг тест неколку часа пред натпреварот против САД.

Мартинс е еден од најдобрите играчи во Португалија, а настапува за данскиот гигант Алборг.

Славниот Португалец побарал Б примерок, но едно е сигурно, тој нема да игра на Мундијалот. Португалците својата група ја играат во Норвешка.

„Секако дека тоа е голем шок за нас, неверојатно е тоа што ни го кажаа – Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој и самиот е збунет како нас и тврди дека не направил ништо незаконско. Веднаш праша да направи Б тест за да се реши проблемот, но сигурно е дека нема да учествува на Светското првенство“, изјави директорот на Алборг, Јан Ларсен.

Ова е прв инцидент од ваков вид во пресрет на СП и ќе видиме дали ќе има уште слични случаи.