Утре претпладне времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени.

Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Вечерва снег го покри Сараево

Во босанскиот главен град Сараево попладнево почна да паѓа снег.

Она што го најавија тамошните метеоролози, се покажа како вистинска прогноза.

Не требаше долго да започнат сообраќајните проблеми во градот. Така новинарите на порталот „Аваза“ на лице место забележале огромни гужви од Илиџа до градот.

📷

📷