Урнебесна снимка од лиценцираното ТВ-шоу кое се емитува на телевизија Сител стана вирална и поприлично ги возбуди македонските граѓани.
Катерина седна на жешкото столче во потрага по милионот од банкарот, а поддршка во публиката ѝ беше сопругот.
Тасе Чанов направи неочекуван гаф и дополнително ја вжешти атмосферата во студиото. Кога водителката Лила го замоли да се претстави, тој го утна името на сопругата.
Оваа македонска двојка, која преку ноќ стана позната, сега конечно се огласи по „инцидентот“.
„Тасе е жив и здрав. Имаше трема. Ќерката се вика Емилија. Пред емисија разговаравме за неа, па се збуни. За џабе беше драмата, ама ете, барем станавме познати“, телефонски им изјави Катерина на водителите на утринското шоу на Канал 77 кои ја побараа за изјава.
Во истата емисија беше пуштена и снимена изјава на Тасе.
„Оние што се загрижија дали сум жив и здрав, добар сум. Жив сум, здрав, прав. Специјален поздрав до Емилија“, низ насмевка порача тој.