Германија би можела да ги ограничи кириите во популарните населби до крајот на 2028 година, според предлог-законот на министерот за правда Марк Бушман.

Сегашните закони им забрануваат на сопствениците на станови во популарните населби да ги зголемуваат кириите во новите договори и треба да останат на сила до средината на следната година.

Поддршката за станарите беше клучна точка на коалицискиот договор меѓу Социјалдемократската партија на Германија (SPD) на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералните Слободни демократи (FDP), чиј член е министерот за правда.

Контролата „барем малку би го забавила“ растот на кириите во популарните области, тврдат од Министерството за правда. Од здружението на станари одговараат дека одредбите вклучуваат бројни исклучоци и „дупки“.

Така, цената на закупнината може да се подигне за првпат изнајмен стан по 1 октомври 2014 година, а можно е оправдување и реновирање. Сопствениците можат да побараат и доплата за наместен стан.

SPD бара дополнителни измени во законот за поддршка на изнајмувачите, но предлог-законот на Бушман само го дополнува постојниот закон, при што FDP предупредува дека дополнителните мерки би можеле да ги одвратат претприемачите да градат нови станови.

Германците ќе излезат на избори за помалку од една година, а владејачката коалиција се уште не исполнила неколку ветувања кон станарите, забележува агенцијата dpa.

220.000 луѓе со македонско потекло жовеат во Германија

Германија е особено популарна дестинација. Во оваа земја моментално живеат 222.000 луѓе со македонско потекло, 68.000 повеќе од пред две години, објави германска „Ерсте“ во март годинава. Според германската амбасада во Македонија, бројот на барања за визи е зголемен за една третина од 2021 до 2022 година. Ваквиот развој на настаните е погубен за економската и демографската состојба за нашата земја. Во странство веќе живеат 700.000 Македонци, што е околу една третина од целото население.