Австрија е следниот ривал на Македонија на овој ракометен Мундијал, во пресметка што е закажана за утре со почеток во 15.30 часот во салата во Вараждин.

Австријците го освоија второто место во групата Ц, по победите над Кувајт од 37-26 и над Катар од 28-26, надополнети со поразот од Франција со резултат 27-35.

Селекторот Пајович се соочи со проблеми пред почетокот на мундијалот по повредите на Билик и на Божовиќ, а главоболките се зголемија откако на овој шампионат се повреди и третиот „бомбардер“ што Австријците го имаат во својот табор. Борис Живковиќ се повреди за време на натпреварот против Катар, воопшто не играше против Франција во третата рунда и речиси сигурно ќе го пропушти и дуелот со Македонија.

Со тоа, Австрија остана без тројцата главни шутери од девет метри, што секако ќе биде шанса за нашата селекција во обидот да стигне до позитивен резултат против овој ривал.

Loading...

Loading...