Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија, доколку тие се валидни.
На денешната пресконференција тој нагласи дека претходно разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.
Според него, тоа се мерки за да се олесни овој транзициски период.
„Мислам дека Министерството за внатрешни работи (МВР) не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство, туку на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните“, потенцира министерот.