Пријателите и семејството на Филип Урумовиќ (21), кој исчезна на 20 ноември во раните утрински часови во Кленак (Војводина), и по осум дена откако му се изгуби секоја трага, не губат надеж дека ќе го најдат жив и продолжуваат да трагаат по областа каде што последен пат бил виден.

Близок пријател на Филип раскажува дека е пребаран брегот на Сава во близина на Железнички мост, каде што тој наводно последен пат бил виден, како и блиската шума каде е пронајден неговиот автомобил.

– Продолжуваме со нашата потрага и нема да се откажеме. Ја проширивме територијата што ја пребаруваме, но се враќаме на местата каде што е виден и каде е пронајден неговиот автомобил за да провериме дали нешто случајно сме пропуштиле или не сме виделе. Веќе прегледавме некои снимки од надзорните камери кои го снимаат мостот и не се гледа дека Филип скокнал. Сега се обидуваме да најдеме снимки од поширока област. Можеби некоја камера фатила нешто. Не губиме надеж и тешко ни е на сите, особено на неговата мајка и баба кои се уште не можат да дојдат при себе, вели соговорник за српските медиум.

Се прошири глас дека Филип е жив

Тој не сакаше да ги коментира наводите што ги објавија некои медиуми дека има индиции, па дури и некакви докази дека Филип е жив.

– Разберете не’. Признавам, се фаќаме за сламки, но не губиме надеж и се што најдовме и се што научивме им пренесовме на властите кои си ја вршат работата. Нема да се мешаме во тоа, но и нема да се откажеме од потрагата. На почетокот беше поинтензивно затоа што граѓаните се одзваа и на апелите за помош во потрагата по Филип, а сега го бараат само неговите пријатели и роднини. Без разлика на се, се надеваме дека на крајот се ќе заврши добро, иако во моментов немаме со што да ги поткрепиме нашите надежи – додава соговорникот.

Ѝ кажал на својата баба дека оди да купи цигари и исчезнал

Да потсетиме, исчезнатиот млад човек последен пат е виден во раните утрински часови во близина на Сава мост, од страната на Кленачка. Таму го паркирал автомобилот кој подоцна бил пронајден.

Според луѓето кои веднаш се вклучиле во потрагата, тој ѝ рекол на својата баба дека оди во продавница да купи цигари, по што му се губи секаква трага. Некои од неговите пријатели велат дека луѓето го виделе како оди горе-долу по мостот, поради што неговото семејство и пријателите го барале покрај реката Сава.

Неговите пријатели велат дека не се свесни за никакви проблеми со кои се соочувал и не се откажуваат од надежта дека е жив.