Постојат многу предрасуди за браковите меѓу Србите и Албанките, но како и секој брак, и тие имаат добри и лоши страни. Во примерот на Милинко Богдановиќ, се чини дека доброто преовладува.

Иако нивното доаѓање најчесто се поврзува со оддалечените, рурални области, професорот од Ивањица, Милинко Богдановиќ, потврдува дека тоа не е секогаш така и дека невестите од Албанија се исто така дојдени и од градски средини.

– Наидов на табуата поврзани со оваа тема. Сепак, неопходно е човек да си ја чукне главата и да разбере што сака од животот. Повеќе од се сакав да имам семејство и ги оставив настрана сите приказни и предрасуди, вели Милинко.

Убавата Вјолца пристигна во Подголија од Скадар, а Милинко својата идна сопруга прво ја видел само на фотографија.

– Иако дејството се случува во 21 век, приказната сепак ги има сите елементи на традицијата. Нејзините сестри живеат тука десет години и знаев дека тоа е прекрасно семејство. Се договоривме и отидов во Скадар, се сеќава Милинко.

По првата средба, тој бил сигурен дека Вјолца е жената со која ќе го помине остатокот од животот.

– Се е судбина, интуицијата ме доведе на тој пат и не згрешив, вели Милинко.

Четири години по венчавката, Вјолца и Милинко добија ќерка Ирена, која дополнително го зајакна нивниот брак. Овие двајца весели луѓе се доказ дека љубовта навистина ги надминува сите разлики и дека соништата можат да се остварат, а во нивниот случај тоа било – семејството.

📷

📷