Службеници од Црногорската полициска управа ги уапсиле С.Б.(35) од Подгорица и Н.Б.(33) од Косово и Метохија, кои се осомничени за трговија со луѓе.

Полициската управа во Подгорица соопшти дека постои сомнеж дека С.Б и Н.Б., кривичното дело го сториле на штета на малолетно лице.

С.Б во претходните два месеци во Подгорица ја принудил својата малолетна ќерка да склучи недозволен брак.

Во извршувањето на кривичното дело посредувајќи во склучување на недозволен брак со цел стекнување материјална корист учествувал Н.Б., а осомничените договориле недозволен брак за 10.000 евра.