Хрватскиот студент Јан Фурлан дојде на само три чекори до милион во хрватското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“, но беше запрен од географско прашање.

Студентот по електротехника од петта година на ФЕР отвори прашање за 250.000 куни (повеќе од 33.000 евра), но се откажа бидејќи претходно ги имаше потрошено сите три џокери и не сакаше да ризикува.

„Каде беше планинарот што го виде кањонот Невидио?“, беше прашањето кое Јан го чинеше да продолжи со учество во шоуто. Тој требаше да одлучи меѓу Словенија, Босна и Херцеговина, Италија и Црна Гора.

Откако се откажа, Јан рече дека ќе одговори дека е Црна Гора, а водителот Тарик Филиповиќ дополнително го разочара, велејќи дека ќе бил во право.