Доктор Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија во пост на Фејсбук пишува за мазутот што се увезувал во Македонија. Тој вели дека овој мазут се користел за разни потреби и при тоа животната средина се загадувала различни хемикалии кои се ослобдуваат при согорување на мазутот.
„Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот.Тој внесен акутно може да го загрози животот а на долг рок предизвикува сериозни нарушувања на нервниот систем, коагулацискиот процес, срцето, бубрезите, црниот дроб, имунолошкиот систем, менталниот развој и забавување на растот кај децата и може да предизвика крвни болести вклучувајќи и леукемија“, напиша доктор Чибишев.