Судот во Милано денеска осуди 42-годишен лекар на 10 години затвор за сексуално злоставување на девет млади пациентки и фалсификување на медицински картони.
Неименуваниот доктор претходно бил во притвор, а истражниот судија Кристијан Маријани го окарактеризирал како „сериски силувач“ кој ги злоупотребувал пациентките под изговор дека ги прегледува.
Покрај обвиненијата за сексуален напад, докторот се соочува и со обвиненија за фалсификување за менување на некои медицински уверенија, објавува порталот Sky tg24.
Во пресудата е наведено дека осуденото лице ќе мора да им исплати на жртвите отштета во износ од 20.000 до 30.000 евра.