Во Наставниот институт за јавно здравје „Др. Андрија Штампар во Загреб е регистриран првиот случај на флуронa, комбинација на грип и корона кај еден пациент, потврдија за Јутарњи лист.

Според информации од Институтот, се работи за вирусот ковид-19 и инфлуенца А, односно т.н. сој на свински грип H3N2.

„Бидејќи имаме мултиплекс ПЦР тест кој дијагностицира коронавирус, а кој исто така е чувствителен на вирусот на грип, можеме да ги откриеме двата вируса во примерокот, што се случи за прв пат кај тестираниот помлад пациент. Денес го правиме т.н типинг тест кој потоа ќе го испратиме до ЦНИЈЗ, референтниот центар за респираторни заболувања“, објаснува проф. д-р. Јасмина Вранеш, директорка на Службата за клиничка микробиологија на Наставниот институт за јавно здравје Андрија Штампар, пишува Јутарњи лист.

Додава дека името флурон потекнува од името грип и корона и дека оваа сезона сепак може да се очекува почесто да се дијагностицираат вакви случаи.

„Ќе ја следиме и клиничката слика на луѓето кои ги имаат двата вируса истовремено и ќе видиме кои се разликите во однос на грипот или само ковид 19“, рече таа.