Кој е главниот предизвикувач за појава на рак, откри д-р Илона Сушац, специјалист по онкологија и радиотерапија.

Д-р Сушац ги сумираше досегашните 20 години искуство, откривајќи во интервју за хрватските медиуми што, според неа, е еден од предизвикувачите за формирање на тумори во телото.

„Најмногу искуство имам со жени кои боледуваат од рак на дојка, работам и разговарам со нив повеќе од 20 години, ги слушам нивните приказни и ја знам позадината на нивните карциноми, а на прво место секогаш има некоја емоционална траума. Има многу работа, да се излечи духот и душата и телото и, според мене, целото семејство во исто време“, истакна д-р Сушац и додаде дека има последици од периодот на корона пандемијата.

„Во клиничката пракса забележуваме дека има сè повеќе истовремени појави на различни видови на рак и дека може да има, на пример, рак на дебелото црево и на белите дробови, на дојката и на панкреасот. Тоа не е една болест која се проширила, туку во исто време се развиле различни видови на рак, кои ги нарекуваме синхрони карциноми“.

Докторката вели и дека во праксата во Хрватска се забележува дека е намалена возраста во која се појавуваат болестите и кога пациентите доаѓаат на лекар, а нејзината најмлада пациентка која ја лекувала со тумор на дојка имала само 19 години.

Прашана зошто се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, таа изрази мислење дека сè повеќе жени се прегледуваат и затоа се откриваат повеќе случаи на рак.

„Друга причина е брзиот начин на живот и јадењето ултрапреработена храна. Преработените прехранбени производи се полни со супстанции како што се пестициди и други хемикалии кои, доколку се консумираат долго и упорно, ќе предизвикаат каскада на трансформација на нормална клетка во абнормална. Наклонета сум кон теоријата дека во храната има таканаречени ендокрини пореметувачи, што е особено важно кај ракот на дојката, кој е доминантно зависен од хормони, во 70 до 75 проценти од случаите во телото.“

Д-р Сушац објаснува дека ракот на дојката, простатата и тироидната жлезда, како и АДХД кај децата и аутизмот денес се строго поврзани со нив.

„Значи, пет ентитети во медицината. Овие ендокрини пореметувачи прекинуваат некои телесни процеси, тие се вметнуваат себеси и дејствуваат надвор од нашата контрола. Кога, да речеме, надбубрежната жлезда си ја врши својата работа, мозокот ѝ испраќа сигнал: ‘тоа е тоа, сега прекини’, но пореметувачот работи континуирано, мозокот не му може ништо. Нашите автономни системи, односно нервниот и ендокриниот систем, ги регулираат сите функции во телото со своите механизми, но таквите супстанции можат да ги нарушат, и ова е докажано“.

Важен фактор е и генетиката, вели таа.

„Треба да знаете дали во семејството има болни од рак, по линија на мајката и таткото е подеднакво важно, но според статистичките податоци, бројот на луѓе кои од родителите ја наследиле генетската грешка за рак на дојка е пет до најмногу десет проценти. Како да ги објаснам другите, како што кажав, епигенетиката е поважна од генетиката, односно условите под кои ќе се активираат гените што водат до болеста.“

Сепак, докторката посочува нешто што најчесто се занемарува кога е во прашање нашето физичко здравје.

„Духовниот и менталниот живот, психолошкиот профил и карактерот на човекот се исклучително важни кога боледува од рак и за време на лекувањето. Денес, за жал, можеме да кажеме дека секој трет или четврти човек што ќе го сретнеме ќе боледува од рак. Дијагностиката и терапијата се сè подобри, но има сè повеќе и повеќе видови на рак. Тоа оди донекаде пропорционално, така што не заостануваме во дијагностичките и терапевтските процедури во однос на инциденцата. Бројот на заболени од рак наа дојка е голем, а денес голм број жени во четврт – највисокиот – стадиум живеат подолго. Три, четири, дури и петпати подолго од порано.“

Раниот почеток на болеста е редок, до 15 случаи годишно, но и ова треба да се земе предвид.

„Затоа секогаш ги советувам жените барем еднаш да направат ултразвучен преглед пред да наполнат 30 години, не за да најдеме нешто, туку да знаат што има или нема, па подоцна ни е полесно да следиме дали нешто се менува и кога нешто се случило, дали е тоа циста или фиброаденом Ако на 40 години дојде жена на првиот ултразвучен преглед, не можеме секогаш да знаеме со сигурност што гледаме, па мораме да направиме пункција и биопсија, бидејќи нешто малигно може да се сокрие во форма на она што изгледа бенигно. Ризикот се зголемува по 30-тата година“.

На прашањето дали и самата се придржува до сите наведени мерки, д-р Сушац истакнува дека оди на редовни прегледи, вклучително и на мамограф.

„Во однос на начинот на живот, не сакам брза и преработена храна и не сакам слатки, пијам многу вода. Наутро правам истегнувања во кревет, правам основни вежби за ‘рбетот. Сакам да одам на планина. Се надевам дека во наредниот период ќе можам да го зголемам нивото на активност. Се случува човек да не може да ја следи рутината понекогаш, но најважно е да сме свесни што треба да поправиме. Уште еднаш ќе нагласам – менталната и емоционалната состојба е многу важна. Среќа, тага, гнев, разочарување… секое од овие чувства ни остава многу јасен и денес докажан биохемиски белег.“, вели таа.

„Затоа треба многу подобро да знаеме да управуваме со емоциите, да ги изразуваме, а не да трупаме незадоволство. Ни недостасува здрава комуникација и способност да разјасниме конфликтни ситуации. Имам најмногу искуство со жени кои боледуваат од рак на дојка, работам и разговарам со нив повеќе од 20 години, ги слушам нивните приказни и ја знам позадината на нивните карциноми, и секогаш на прво место има некоја емоционална траума. Треба многу да се работи, да се излечат и духот и душата и телото, а според мене и целото семејство во исто време“, заклучи докторката.