Документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница вечерва го привлече вниманието на целокупната јавност. Со своја реакција на социјалните мрежи се јави и новинарот Фуркан Салиу кој побара оставка од владата на СДСМ и ДУИ.
– Државата уби 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. Ако и овој настан нема да не собере на улица тогаш не заслужуваме подобро, порача Салиу.
– Обвинителството за одбрана на криминалот должи одговори! Монструмот Јовевски и неговата криминална банда треба да одговорат зошто го прикриле убиството на 14 невини луѓе. На улица луѓе, сите на улица се додека овие криминалци не си поднесат оставки и не седнат на обвинителна клупа, додаде тој.
– Една компанија, еден човек успеа да ви го корумпира цел систем и да се извлече со 14 извршени убиства. #СДСМ, #ДУИ да ви се мо*ам во европските вредности што не ги вадите од уста. ОСТАВКА!!!, порача новинарот.
Документарецот на ИРЛ насловен „Убиство во Тетово“ можете да го погледнете во продолжение: