Скопјанецот кој во мај ги уби братот и снаата во Стајковци е осуден на 20 години затвор.
Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе Обвинителен акт со кој обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14 мај годинава со умисла ги убил сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи. По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала.
Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.