Речиси и да нема некој од регионот кој не сака да го посети Златибор во одреден период од годината, па макар и попатно. Она за што зборуваат сите кои биле е доколку седите во кафуле покрај езерото, се високите цени, па не е лошо да ги наполните паричниците.
Златибор е една од најпопуларните планини во Србија, па туристите ја посетуваат во текот на целата година. Додуша, повеќе запираат попатно кога се упатуваат кон црногорското приморје, но сакаат да се одморат веднаш до езерото во самиот центар на оваа дестинација.
Тричлено семејство решило да нарача две домашни кафиња, пиво и мала вода, а за тоа требало да платат 1.230 динари (650 денари), од кои кафето чинело 250, водата 310, а пивото дури 420 динари.
Затоа, ако одлучите да одморите вака покрај езерото, подгответе се да платите повеќе за глетката отколку што инаку би платиле во кафуле надвор од центарот на градот.