Чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче, изјави таткото на убиената Данка.
На агонијата и нема крај а телото на убиената Данка се уште не го пронашле. Вечерва се огласи нејзиниот татко.

„Многу ни е лошо и ни пречи интересот на медиумите за нас во моментот додека чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче кое беше убиено од монструми.

Кога ќе се најде телото на нашата Данка и кога ќе заврши истрагата, чиј товар е огромен, ќе ве контактираме и ќе ви кажеме се што имаме“, изјави Милош Илиќ за Република.

„Република“ пишува дека се револтирани од сомнежот на поединци од мајката и семејството дека тие се виновни за исчезнувањето на Данка.

Полицијата се уште не го пронашла телото на малото девојче.

На двајца осомничени за тешкото убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор им е одредена мерка притвор до 30 дена, едниот го признал делото, другиот се бранел со молчење. Уапсени се уште две лица поради сомнение дека помагале во сокривање на телото.