Во атмосфера на напнатост, Мешовитиот порочен суд во Атина денеска ја објави својата одлука за 23-годишниот Пакистанец, кој летото 2022 година ја уби својата 17-годишна девојка Николета во Перистери. Младиот Пакистанец на почетокот од август беше уапсен во Македонија, откако ја напуштил Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа.
Судот со својата одлука едногласно го прогласи обвинетиот за виновен за убиството на младата девојка и без да препознае олеснителни околности го осуди на доживотен затвор. Роднините на несреќната девојка се доближиле да го линчуваат сторителот на бруталното злосторство, викајќи по него.
За време на неговото сведочење во судот, 23-годишникот тврдеше дека со девојката бил во врска 1,5 година и тврдеше дека причина за нивната тепачка била неговата одлука да ја напушти Грција и да замине во Италија. Девојката, како што рече тој давајќи своја верзија за настаните, наводно побарала од него да се крсти христијанин и за време на караницата и тепачката што ја имале, таа кажувала погрдни зборови за Мухамед.
Опишувајќи ги моментите во кои го извршил злосторството, 23-годишникот даде своја верзија: „Таа почна да ми фрла облека. И реков да седне на креветот, таа почна да ме пцуе и да го пцуе Мухамед. Ја турнав од креветот и и реков да седи таму. Таа постојано ме пцуеше мене и Мухамед и јас се налутив. Ја фатив за врат и ѝ реков да се извини. Таа ме фати за рака и ми рече да ја пуштам. Не ја пуштив и постојано и велев да се извини. По неколку секунди видов дека нејзините очи се затворени. Потоа и дадов вода, дадов воздух. Бев нервозен и излегов од домот“.
На прашањето зошто не побарал брза помош, осудениот вели „тоа беше најголемата грешка“.
– Си ги зедов работите и излегов од дома. Отидов кај брат ми да земам пари и отидов до станицата Лариса да го фатам возот за Солун. Му се јавив на татко ми и му кажав дека сум згрешил. Ме праша што се случило и јас му кажав за девојката. Се налути, ми ја спушти слушалката. Потоа најдов еден сонародник кој работи за имигранти и му реков дека сакам да заминам и тој ми помогна, вели убиецот.
„Доживотниот затвор треба да биде навистина доживотен“
На почетокот на рочиштето, но и подоцна дошло до тензија со тоа што таткото на жртвата избувнал и му викал на обвинетиот: „Воопшто не ме гледај, гниј во затвор“. Полицијата го отстрани од судницата за да го смири, каде се слушна како вознемирениот татко вели: „Да ја изгубам ќерка ми во сообраќајна несреќа, го разбирам тоа, но да ја изгубам на овој начин за да ја задавиш?“
Во сопственото сведочење пред присутните, сестрата на несреќната Николета рече: „Мислам дека тоа го направи од љубомора, бидејќи тој ден во куќата дојдоа две деца и тој не ги сакаше овие деца. Веднаш разбрав дека тој го сторил делото, бидејќи внатре во куќата не биле неговите работи. Една недела претгодно сестра ми зборуваше со мајка ми и ѝ рече „мамо, почекај една недела и ќе се разделам од него“.
Се потсетува дека 17-годишната девојка била пронајдена мртва внатре во нејзиниот дом со знаци на давење. Властите се посомневале во сега 23-годишниот Пакистанец, но тој во меѓувреме исчезнал. Кога бил уапсен, тој го признал убиството на девојката, тврдејќи дека ја убил затоа што жртвата го пцуел Мухамеда за време на расправијата.