На Фејсбук страницата „Accion Poetica“ беше објавена приказната за шеснаесетгодишно девојче со прекар Пем, кое откри дека нејзиниот татко бил во врска со тетка ѝ последната година.

Приказната за оваа девојка доби милиони лајкови и споделувања, со десетици илјади коментари.

– Не е важно како дознав дека татко ми и тетка ми се во врска, но оваа информација беше една од најголемите шокови во мојот живот. Сепак, ги поканив двајцата во ресторан на вечера. Додека се гледаа, им беше непријатно. Веднаш знаев дека нивната тајна врска навистина постои, вели Пем.

Татко ѝ и тетка ѝ се познавале од колеџ, каде што била и мајката на Пем. Двете девојки биле заљубени во истото момче, и тој на крајот ја избрал мајката на Пем.

Сепак, бременоста била многу ризична.

– Мајка ми почина при породување, давајќи ми живот. Татко ми беше сам многу долго. Тој, исто така, ја отфрли можноста дека може да биде со некого. Затоа, срцето ми прескокна од среќа кога дознав дека се гледа со тетка ми. Знаев дека била вљубена во него половина живот. Тетка ми беше таа што се грижеше за мене, бидејќи татко ми мораше да заработи пари за да можеме да живееме, вели Пем.

Таа додала дека ја замолила тетка си да излезе на импровизираната сцена во ресторанот.

– И ја отпеав песната „Never Leave Me“ од Хуан Габриел. Им се заблагодарив за се во животот пред сите, а потоа ја прашав дали би сакала да ме прифати како нејзина ќерка. Татко ми го прашав дали би сакал да станеме семејство. Таа почна да плаче, исто како татко ми. Сите бевме пресреќни. Навистина станавме семејство, напишала Пем.

Оваа приказна трогна илјадници корисници на Фејсбук и судејќи според коментарите, „тие не слушнале ништо подобро оваа година“.