Драгана М. од Србија, заедно со сопругот и двете деца, пред неколку дена била измамена за сместување во грчкото одморалиште Неа Рода, на првиот крак на Халкидики.
Измамничката, извесна Марина, итро му пришла на семејството од Србија додека не ѝ платиле аванс од 350 евра, колку што барала за цената на аранжманот од 1.000 евра. Всушност, „цената на аранжманот во нејзиното сместување“ била 1.300 евра, но добиле попуст затоа што, како што напишала измамничката, „биле симпатични“.
Краток е патот од „баш сте симпатични“ до измама
Не знаејќи што се случува, иако измамничката престанала да контактира со нив неколку недели пред да заминат на море, тие тргнале кон Грција. Доживеале шок кога сфатиле дека не постои ниту Марина, ниту сместување и дека тоа што го договориле со неа е вешто осмислена измама.
Како што изјави Драгана за „Блиц“, целиот случај го пријавиле во полиција во Сарти, а на лице место морале да најдат друго сместување.
„Стигнавме во Сарти, но за жал сè уште не сме нашле сместување. Контактирав со полицијата во Грција и ми велат дека е многу тешко да се најде и нè откачија. Ја контактирав и мојата банка преку која плативме и ми велат дека не може да се направи ништо“, рече таа пред три дена за „Блиц“.
За жал, ова не е изолиран случај кога станува збор за измами на туристи во грчките одморалишта. Шемата со која се мамат туристите е секогаш ист, измамниците зад лажни профили ги демнат оние кои мислат дека им е поевтино сами да најдат сместување. Кога ќе сфатат дека се измамени, најчесто е доцна, останале без пари, а за жал некои нема ни да видат море и одмор.