TВ Стар од Штип објави снимка од синоќешното пукање со пиштол во кафуле во градот при што било рането едно лице. Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.
– Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладиновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек, објави ТВ СТАР.