Четиригодишно дете доживеало срцев удар на плажата во Неа Врасна -доктор од Србија и спасувачи му го спасија животот
На плажата во Неа Врасна, Грција четиригодишно момче добило епилептичен напад додека било во вода. За време на нападот, детето проголтало вода која навлегла во белите дробови, што предизвикало задушување и срцев удар.
Среќната околност била присуството на српски доктор кој веднаш пристапил на помош и започнал со реанимација. Паралелно, локален угостител повикал Волонтерски спасувачки тим, кој стигнал за помалку од една минута.
Благодарение на навремената интервенција, детето било спасено и транспортирано на понатамошно лекување. Српскиот портал „Грчка инфо“ објави дека малото момче е надвор од животна опасност.